Љупчо Зиков вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, зборувајќи за договорот меѓу албанските партии дека нема влада без уставни измени, порача дека договорите се потпишуваат за да се раскинуваат.
„Делот за таа потпишана платформа или што е тоа, документ помеѓу албанските партии, да го наречеме некаков договор, знаете договорите се потпишуваат за да се раскинуваат, така викаат правниците добри во тоа и тој договор веројатно никаде не е заверен, тој повеќе политички се кажува. Тоа е како мениците на Мицкоски што се потпишуваа за неменување на уставното име, па потоа уставот за договорите со ЕУ за преговорите“, вели Зиков.
