Зошто Беса излезе од Владата? Не е само Желино, најголемата препрека е ДУИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

По најавата на Заев за оставка,  уште еден “потрес“ во владината коалиција беше Движење Беса која револтирана поради Желино, одлучи да ја напушти владата. Но всушност причината не е само Желино. Како што изгледа, Беса додека беше во влада  постојано наидуваше на препреки, а тоа беше ДУИ. Ваљон Беља  во Клик Плус изјави дека ДУИ не  и дозволило на Беса да раководи со неколку ресори за кои имала договор со СДСМ.

Денеска го прашавме генералниот секретар на Движење Беса дали нерамноправната поделба се причините Беса да ја напушти владата, тој одговори:

Но дали СДСМ смета дека има одговорност за заминувањето на Беса  од владата. Љупчо Николовски во емисијата 21 Анализа рече дека не можат да имаат одговорност ако некој се определил против политиките за НАТО и ЕУ.

Ги прашавме и Беса и ДУИ за кои институции не постигнале договор, но не добивме конкретен одговор. Сега Движење беса заедно со опозицискиот партнер ВМРО-ДПМНЕ и АА  бараат уривање на владата Заев, додека Алтернатива   размислува  во кој правец да се ориентира.  Исто така и еден министер и двајца заменици министри од Беса си поднесоа оставка.