Зошто е избришан профилот на Инстаграм на „најтажната принцеза на светот“?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Инстаграм профилот на принцезата Шарлин од Монако ненадејно беше избришан откако почнаа шпекулациите дека го напуштила својот сопруг принцот Алберт и се преселила во Швајцарија.

Принцезата која на својот профил го носи прекарот „најтажната принцеза на светот“, најчесто споделувала моменти со своите близнаци како и објави поврзани со нејзината хуманитарна работа.

Според различни информации, поранешната пливачка летото го поминала со сопругот и близнаците на јахта, но не се вратила дома, пишува Klix.ba.

Некои извори тврдат дека принцезата Шарлин и принцот Алберт се преправаат дека се пар само за јавноста, иако тоа одамна не е случај. Исчезнувањето на нејзиниот профил на Инстаграм загрижи многу фанови кои веруваат дека принцезата со години страда од лошиот третман во кралското семејство.

Сепак, според најавите, и Шарлин и Алберт наскоро ќе отпатуваат во Африка, родната земја на поранешната олимпијка и професионална пливачка, за да учествуваат на Water Bike Challenge, односно натпревар со воден велосипед организиран од фондацијата што го носи нејзиното име.