17-годишно момче со моторцикл удрило во паркиран трактор на локалниот пат с.Кореница-с.Годивје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 13.7.2021 во 21.35 часот на локалниот пат с.Кореница-с.Годивје, кај место викано „Рештарица“, прилепско се случила сообраќајна незгода во која мотоцикл „мондиал“, без регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од с.Кривогаштани удрил во паркиран трактор „ИМТ-533“ со приколка, сопственост на Н.Н.(20) од с.Годивје.

Во незгодата мотоциклистот се здобил тешки телесни повреди, констатирани во Градска болница Прилеп.

Увид изврши увидната екипа на Полициска станица Прилеп во присуство на Јавен обвинител.