18 лица ја изгубија борбата со коронавирусот – најмладиот 34 години

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1387 тестирања, а регистрирани се 357 нови случаи на ковид-19, додека пак 18 лица ја изгубиле оваа борба.

  • Седум пациенти од Скопје (72, 34, 73, 83, 51, 56, 58г)
  • Едно лице од Куманово (60г)
  • Две лица од Струга (70 и 82г)
  • Две лица од Битола (48 и 78г)
  • Четири пациенти од Охрид (84, 82, 70 и 78г)
  • Едно лице од Кочани (55г)
  • Едно лице од Ресен (72г)

Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 78305, бројката на оздравени пациенти е 54034, на починати е 2292, а бројот на активни случаи изнесува 21979.