Секаде врие, секојдневно ни се јавуваат работниците, ситуацијата е алармантна, не можат во продавница да влезат, велат од Конфедерација на синдикални организации, барајќи итно формирање на социо-економски совет кој го нема од март месец и потпишување општ колективен договор. Во спротивно најавуваат штрајкови, масовни протести и демонстрации.
„Нашите конкретни барања се свика под итно социо-економски совет. Да видиме што ќе каже владата. Не дадоа ни 2 800, викаат дека ќе ја усогласат платата со минималнат плата, имало врее 6 месеци, во септември поминуваат и тие шест месеци. Веќе тие 2 800 не се во игра. Сите бараме покачување во согласност со минималната плата 18,4%. Доколку не нашиот правен тим стои на располагање и ќе поплавиме државата од тужби, бидејќи владата сама не си го почитува законот“, вели Марјан Ристески.
Од Синдикатот се убедени дека државата има пари, но се трошат нерационално. Ова придонесува до масовно иселување од државата, а со можноста на Отворен Балкан голем број работници веќе најавуваат заминување.
„Прашањето дали ќе има протест во полицијата или не, не е интересно. Ги инетерсира која десинација е поинтересна за повеќе пари и тоа итно што побрзо. Ако заминат денеска се најсреќни. Огромен е бројот на полициски службеници на кои им е одамна пукнат филмот“, вели Гоце Делчев.
„Медицински сестри, негувателки, секојдневно напуштаат од државата. Кај мене конкретно има најава за 3-4 зборувам за медицински сестри кои ќе заминат за Германија. Тоа е зарди незадоволство од платаат, односот на работодавецот или раководителот, начинот на кој с еработи во здравството исто не е во ред. Многу од раководителите си земаат за право да се мешаат во работи кои не се во нивна надлежност“, посочи Лазо Костовски.
Последната година околу 300 полицајци си заминале од државата, 5% од наставниот кадар и околу 900 лекари за пет години. Задоволни се припадниците на АРМ според изјавата на претседателот на независниот синдикат на професионални војници на Македонија Аднан Алити, бидејќи платата им е 25 000, со сите додатоци достигнува најмалку 40 000 денари. Но, со новиот закон ќе се зголеми за 10%.
