2 милиони евра ќе чини реконструкцијата на скопската Универзална сала, која веќе 5 години е вон функција. Првиот човек на Скопје, Шилегов најави и изградба на нова концертна сала на друга локација, на местото на оранжериите на ЈП „Паркови и Зеленило“
За Шилегов, проектите на претходната Влада за реновирање на Универзална се неприфатливи, скапи и несоодветни.
Министерката за култура, Ирена Стефоска за концертната сала би сакала да се спроведе т.н. проект „Јајце“ на ВМРО-ДПМНЕ.
При денешната обиколка на Универзална сала, заедно со министерката за култура Ирена Стефоска и вицепремиерот за економија Фатмир Битиќи, Шилегов истакна дека во текот на 2021 овој објект ќе им се врати на скопјани со нов сјај и ќе продолжи да биде култно место.
