20% повеќе пациенти во тетовска ортопедија: Од општината велат дека се чистат тротоарите, граѓаните незадоволни!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

За 20% е зголемен бројот на пациенти кои бараат помош на Одделот за ортопедија во тетовската клиничка болница. Секој ден овде доаѓаат најмалку 10 пациенти со повреди како последица на лизгање на мраз. Според лекарот Мирослав Кочовски, најчести повреди во последните три дена се на зглобовите на екстремитетите.

Од општина Тетово велат дека екипите на ЈКП „Тетово“ се на терен и ги чистат и тротоарите.

Екипи на ЈКП „Тетово“ неколку дена по ред се на терен. Најпрво ги исчистија булеварите и најфреквентните улици, додека паралелно со чистењето на улиците се фрлаше и сол. Но, имаше постојани врнежи, па тие се на терен и денеска и во наредните денови ќе ги чистат преостанатите делови од градот, изјави Бесарта Рамадани, портпарол на општина Тетово.

Екипи на ЈКП „Тетово“ денеска беа на терен за чистење на тротоарите, но треба да се напомене дека дел од дуќаните немаат исчистено пред влезовите, што е нивна законска обврска.