21 лице ја изгубија битката со коронавирусот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1325 тестирања, регистрирани се 565 нови случаи на коронавирус, додека пак оваа битка ја изгубија 21 лице.

  • Починати шест пациенти од Скопје (45, 52, 63, 67, 68 и 84 години)
  • Починати пет пациенти од Тетово (69, 73, 75, 69 и 83 години)
  • Починато едно лице од Куманово (74 години)
  • Починати двајца пациенти од Велес (83 и 89 години)
  • Починати две лица од Богданци (75 и 85 години)
  • Починат еден пациент од Битола (79 години)
  • Починат пациент од Радовиш (71 година)
  • Починат пациент од Прилеп (61 година)
  • Починат пациент од Охрид (51 година)
  • Починат пациент од Штип (63 години)

Од Министерството информираат дека освен еден пациент кој е починат вон, сите други се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 32.997, бројката на оздравени пациенти е 21.244, на починати е 1.025, а бројот на активни случаи изнесува 10.728.