25 години од атентатот кон Глигоров – сè уште не се знае кој сакаше да го ликвидира првиот претседател на државата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ова место не беше толку тивко на 3 октомври, 1995 г. Имаше голема експлозија додека поминуваше придружбата на првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров. Во моментот кога поминуваше колоната, еден паркиран автомобил експлодираше при што на лице место загина шоферот, а претседателот Глигоров беше тешко повреден. Продавачка која е сведок на овој настан раскажува како изгледаше атентатот кој се случи пред 25 години.

Претседателот Киро Глигоров го преживеа атентатот, но имаше тешки повреди во пределот на главата. 20 килограми експлозив биле скриени во автомобил Цитроен Ами 8, кој беше активиран кога автомобилот на Глигоров се движеше кон зградата на Парламентот. Истрагата по непознатиот сторител е се уште отворена. Според истрагата, атентатот бил добро организиран и подготвен и дека единствената светла точка во овој случај е тоа што Глигоров го преживеал атентатот.

Првиот претседател на независна Македонија, Кире Глигоров почина на 94 годишна возраст, на 1 јануари 2012.