3 илјади куќи во Тетово без вода за пиење – жителите вознемирени поради коронавирусот, бараат што поскоро вода

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Три илјади куќи, од населбата која се простира од градските гробиштата во Тетово до пазарот во Мала Речица немаат вод за пиење. Во време кога властите постојано апелираат за лична хигиена и често миење раце, овие жители мораат да полнат вода на јавните чешми и од изворите на Шар Планина. Револтирани тврдат дека општинските власти не издвојуваат време за нивните проблеми и бараат брзо решение.

Од Општина Тетово велат дека следниот месец треба да започнат работите за базенот кој е изграден за вода за пиење за овие жители.

Општина Тетово почна со миење на улиците против ширење на коронавирусот, а сите локали почнаа да ги почитуваат одлуките на владата.