30ти министерски совет на ОБСЕ во Скопје, во фокусот руската агресија врз Украина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Историјата ќе ни суди за нашите дела. Ова е пораката која денеска ја испрати премиерот Димитар Ковачевски во рамки на дводневниот состанок на министрите за надворешни работи во рамки на организацијата за безбедност и сигурност. Премиерот додаде дека претседаваме во  најтешките години, потенцирајќи дека ова не е никаква дипломатска победа на Русија туку на ОБСЕ, бидејќи како што рече цитирам „ беше доведено прашањето за функционирање на ОБСЕ“. Претседавачот и министер за надворешни работи Бујар Османи рече дека успеавме да го зачуваме ОБСЕ, додавајќи дека потребна ни е стратешка јасноста, а не стратешка конзфузија, како и успешен мандат на Малта. Детелите во прилогот на колегата Зекирија Хаџиу.

Британскиот министер Џејмс Хипи во своето обраќање рече дека Украина не се бори за својата слобода туку за правото на сите земји за носење суверени одлуки. Помошникот американски државен секретар за европски и евроазиски прашања Џејмс О Брајен упати посебни критики за оние кои се обидоа да ја блокираат и уништат организацијата. Тој рече дека руската инвазија е против принципите на меѓународното право. Оној кој привлече најголемо внимание е рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој потенцираше дека сега Молдавија ќе биде нова жртва на хибридни напади. Лавров додаде дека на запад како што рече тој се кршат основните права, а претставниците на медиумите се замолчени. Во 15 минутниот говор Лавров ги напаѓаше западните земји, Европската унија и НАТО. Попладнево преку амбасадата на Русија во земјава, портпаролката на руската дипломатија Марија Захарова рече дека имало отворена провокација кон нив, бидејќи на местото каде што требало да седи руската делегација, имало лист на кој пишувало „Резервирано за НАТО“. Додека траеше пак говорот на Лавров, неколку дипломатија во знак на револт ја напуштија салата, изјавувајќи дека не сакаат да ги слушаат лагите на Русија. Повеќе гледаме во прилогот на колегата Бесир Арифи.

Доаѓањето на Лавров е за прв пат во земја членка на НАТО од почетокот на руската агресија кон Украина. Тој синоќа допатува, преку турицја и грција. Авионот не доби дозвола преку Бугарија бидејќи во него се наоѓала и портпаролската на руската дипломатија Марија Захаровца. Инаку денеска е втор ден од состанокот на ОБСЕ. Во Скопје се уште на силa e посебен сообраќаен и безбедносен режим. Попладнево беше потпишана и изјава за борба со корупција во југо-источна Европа, а за утре е закажана и прес конференција со првиот дипломат на Русија Сергеј Лавров.

Од 30. Состанок на организацијата за безбедност и соработка во Скопје Јовица Пауноски.