36 минути по полноќ тлото кај Дебар повторно се тресе – над 3 степени по рихтер!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Тлото не се смирува, по земјотресот од 2,9 степени по рихтер, 36 минути по полноќ регистриран е нов земјотрес со јачина од 3,2 степени по рихтер.

Епицентарот е во близина на Дебар, на длабочина од 2 километри.

Вчера беше регистриран земјотрес со јачина до 4,6 степени по рихтер, по што следуваат и неколку афтер шокови.