Северна Македонија им даде репатријација на учесници во војните на Средниот Исток и на нивните семејства. Станува збор за 4 мажи, 5 жени и 14 деца вратени од Сирија и Ирак, информираат од Владата, додавајќи дека процесот е завршен успешно согласно обврските на државата според меѓународното право,човековите права и меѓународните хуманитарни права.
„Против четворицата странски терористички борци, по претходно обезбедени докази од страна на Министерството за внатрешни работи – Бирото за јавна безбедност, и во координација со Агенцијата за национална безбедност, поднесени се соодветни кривични пријави во согласност со националното законодавство. Поради нивна недостапност на органите на прогонот, за истите имаше распишано меѓународни потерници, а во нивно отсуство, определена е мерка притвор, со решение на надлежен суд“, велат од Владата.
Така, доколку 4 мажи одат во притвор, од Владата информираат дека жените и децата кои ќе добијат репатријација најпрво по своја волја ќе останат 14 дена во карантин заради неопходните лекарски прегледи. Потоа, надлежните служби ќе работат на обезбедување докази за можни криминални дела, за секој случај одделно. Во случај да немаат сторено кривични дела, почитувајќи ја во целост нивната волја, ќе започне процесот на рехабилитација, ресоцијализација и реинтеграција, се вели во соопштението.
Самет Шабани од „Хоризон Цивитас“ кој работи на овие процеси, за ТВ21 вели дека сега е најважно социјалната и психолошката служба да соработуваат со цел процесот да биде поефикасен. Северна Македонија има национален план за реинтеграција и ресоцијализација на македонските државјани кои учествувале во странски војски, а добиле позитивна оценка од меѓународната заедница. Сепак поред Шабани останува да видиме дали земјата акцентот ќе го стави на социјалните политики, а не на тоа тие кои се вратиле да се гледаат како ризик по безбедноста.
„Од јануари 2021 почна со имплементација на разни директни програми и засега барем според оценките кои ги добивме од разни контакти било тоа од семејствата, или со центарот за социјалана работа, нашата оценка е дека како НВО биле дека се во потребниот правец и дека има ефикасен контакт од страна на Центарот за социјални работи и сметаме дека овие напори ќе продолжат и понатаму на доста професионален и ефикасен начин“, посочи Самет Шабани.
Неофицијално се дознава дека репатријација е направена и во други земји на Балканот, но досега нема официјални податоци, освен Косово, чие МВР, на Фејсбук извести за враќањето на 11 државјани од конфликтните зони во Сирија.
