5 години чекање за градежна дозвола! – Универзитетот „Мајка Тереза“ ќе се гради во близина на касарната „Илинден“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Уште при основањето во 2015, универзитетот Мајка Тереза нема свој објект. Во недостиг на кампус, крајот на академската година, првата генерација дипломирани капите ги фрлаше на плоштад Скендербег.  А што се велеше низ годините за изградбата на објектот? Во 2017 вотоа време заменик министерот за образование, Висар Ганиу рече дека објектот на универзитетот Мајка Тереза ќе биде готов за три години.

„Јас мислам дека во три фази и за три години Универзитетот ќе треба да се пушти во употреба“, истакна Висар Ганиу.

Во 2018 од Владата рекоа дека во постапка е отуѓувањето на еден објект кој е под надлежност на Министерството за одбрана.

„Целата оваа постапка е во тек и не можам да откријам детали до кога ќе трае оваа процедура“, посочи Муамет Хоџа.

Сега, во 2021,министерството за транспорт и врски ја одобри дозволата за универзитетскиот објект во дел од касарната Илинден.  Ректорот на Универзитетот, Азиз Положани рече дека ова е многу важен чекор кој гоотвора патот за изградба на кампусот за Мајка Тереза,

„По три години собирање документација и со поддршка и секојдневна помош, денес ни стигна веста дека од страна на Министерството за транспорт и врски е дадено одобрение за ДУП-от  за општините за одобрение, што го отвора патот за изградба на кампусот на Мајка Тереза“, вели Азиз Положани.

Зам. Министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи, на прашањето кој го спречувал до сега издавањето на градежната дозвола, рече дека не би сакал да зборува за тоа. Нема временски рок за тоа кога треба да заврши изградбата на објектот.

Уште колку години се потребни да заврши изградбата на објектот? „Не верувам дека ќе требаат уште многу години. Не зборувам за рокови, само за завршени работи“, посочи Беким Реџепи.

Додека да почне и заврши изградбата на објектот, студентите од овој универзитет наставата ќе продолжат да ја следат во основното училиште Битолски конгрес и зградата на Сојузот на синдикати на Македонија.