569 нови случаи на коронавирус во Скопје – во Аеродром над 1000 активни случаи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3082 тестирања, а регистрирани се 1128 нови случаи на коронавирус, од кој 569 се на територија на Скопје.

Од почеток, па до сега во Скопје има 16.401 случаи на коронавирус, додека пак активни во моментов се 6.372.

• Чаир – 378
• Гази Баба – 847
• Аеродром -1021
• Карпош – 892
• Центар – 848
• Кисела Вода – 780
• Ѓорче Петров – 527
• Бутел – 350
• Шуто Оризари – 88
• Студеничани – 31
• Сарај – 64
• Арачиново -13
• Илинден – 150
• Сопиште – 54
• Чучер Сандево – 39
• Петровец –58
• Зелениково -32
• Странец – 75
• Нераспределен- 125

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 37499, бројката на оздравени пациенти е 22835, на починати е 1096, а бројот на активни случаи изнесува 13568.