Коалицијата Алијанса за Албанците-Алијанса отворија изборен штаб во Шуто Оризари. На отворањето присуствуваа партиските лидери Села и Гаши кои ја презентираа програмата на коалицијата.
Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села меѓу другото рече дека ДУИ ја обзема страв, додавајќи дека Албанците сакаат промена, а промена сакаат и симпатизерите на ДУИ, додава тој. Коалицијата АА-ААА вечерва ќе го посети Кичево.
„ДУИ ја обзема страв и се нервозни бидејќи насекаде ја гледаат потребата за промена, во очите на сите Албанци, во очите на оние кои до вчера гласаа за ДУИ. АА-ААА е голема куќа во која се добредојдени сите Албанци“, истакна Зијадин Села.
