Директорот на ЈП Комунална Хигиена Абдулсамед Шабани во ЕуКлик вечерва на ТВ21 апелираше до граѓаните да не се фрлаат старите работи од дома. Прес се мисли на габаритниот отпад од стар мебел, апарати за бела техника и слични работи.
-Апелирам до сите граѓани, да бидат повнимателни во начинот на обработка и фрлање на отпадот, особено во двете општини каде иако состојбата е под контрола, тоа се половина рурални половина урбани општини, но таму имаме секогаш проблем со отпадот, било да е тој органски или шут и смет, од реновирање на домовите, и сакам да апелирам и до државниот инспекторат, инспекторатите во општините, да бидат на терен, бидејќи имаме пандемија, ако не ги казнуваме барем да ги освестиме оние кои фрлаат, бидејќи кога ќе помине ова, ќе треба да има решение поповолно каде да фрлаат, иако нашиот апел е тие стари предмети, како мебел итн, нашите центри се отворени 24 часа, за селекција, во Вардариште и Карпош, каде граѓаните бесплатно можат да го достават стариот мебел или други предмети од дома. Значи апелирам, стариот мебел, електрични или електронски предмети, да ги оставаат на одредени места, бесплатно, центрите се отворени во секое време, треба само да ги однесат таму-рече Шабани.
