„Аџибадем Систина“ со специјални промотивни цени за породување од 15 јуни до 15 септември

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во периодот кога го очекувате најубавиот момент во животот, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ви овозможува врвна медицинска грижа, безбедност и комфор по специјални промотивни цени за породување. Како најголем и најмодерно опремен приватен центар за породување во земјава и регионот, од 15 јуни до 15 септември нуди промотивни пакети за породување. Во рамките на промоцијата, цената за природно породување изнесува 90.000 денари или 100.000 денари, во зависност од изборот на докторот, додека цената за царско породување е 110.000 денари, односно 120.000 денари. Новите пакети со специјална промотивна цена вклучуваат: спинална или епидурална аналгезија за безболно породување, престој од 3 до 4 дена во двокреветна соба, предоперативен прием и потребните лабораториски анализи за трудницата.

 -10% ПОПУСТ НА СИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ УСЛУГИ ВО ТЕКОТ НА ЦЕЛИОТ ЖИВОТ ЗА МАЈКАТА И БЕБЕТО

Дополнителни бенефиции се обезбедени и за новороденчето. Секое бебе родено во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ добиват ексклузивно право на -10% попуст за користење на сите здравствени услуги во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ во текот на целиот живот. Сите бебиња го стекнуваат статусот Acibadem Sistina BABY, специјална програма за лојалност и на тој начин ги идентификуваме сите бебиња што се досега родени во нашата болница. Попустот важи за сите амбулантски и хоспитални услуги, освен за услугите во кои веќе има вклучен попуст или се дел од промотивен пакет.

10% попуст на сите здравствени услуги важи и за мајката, по породувањето до крајот на живот, а  секоја родилка добива и подарок, специјално дизајнирана брендирана бебешка торба, која има практична примена и служи како подлога при преслекување или менување на пелени, перница и прекривка за бебето. Торбата содржи едукативни книги и материјали, лепенка за автомобил, како и пакет производи за нега и бебешка опрема.

Специјалните пакети за породување, со повеќе бенефиции што беа активни досега, остануваат и понатаму да важат. Новите промотивни цени во овој период важат и за сите трудници што имаат уплатено аванс од 20.000 денари, а притоа не искористиле ниту една од предвидените бенефиции.

„МЕДИПЛУС BABY“ КРЕДИТ ЗА ПОРОДУВАЊЕ БЕЗ КАМАТА

За полесно финансиско планирање, трудниците имаат можност трошоците за породувањето да ги подмират на рати преку „Медиплус Baby“ кредитот, со отплата до 60 рати без камата. Овој наменски кредит се одобрува во рок од еден ден од Алта банка.

ДОВЕРБА, СИГУРНОСТ И ВРВНА МЕДИЦИНСКА ГРИЖА ЗА ИДНИТЕ МАЈКИ И НИВНИТЕ БЕБИЊА

Со повеќе од 25 000 новороденчиња во изминатите 25 години, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ останува симбол на доверба, сигурност и врвна медицинска грижа за идните мајки и нивните бебиња. Родилиштето располага со тим од 23 искусни гинеколози акушери, 20 акушерки и 40 медицински сестри кои секојдневно обезбедуваат грижа со највисоки стандарди.

Во рамките на болницата функционира и првата приватна Педијатриска болница со педијатриски ургентен центар, во кој работат 27 педијатри специјалисти, од кои 11 супспецијалисти. Дополнителна сигурност обезбедува најсовремената Единица за неонатална интензивна нега, каде што за најмалите пациенти се грижи тим од 9 неонатолози и 16 високообучени медицински сестри.

„Аџибадем Систина“ продолжува да ги следи најсовремените светски трендови и технологии во гинекологијата, акушерството и неонатологијата, обезбедувајќи врвна медицинска грижа и незаборавно искуство за секое семејство.