Администрацијата на Трамп ги проверува податоците на повеќе од 55 милиони иматели на визи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги проверува евиденциите на повеќе од 55 милиони луѓе кои имаат важечки визи во САД, за да утврди дали постојат одредени прекршувања што би можеле да доведат до нивна депортација.

Овој чекор значи заострување на мерките против странците на кои им е дозволено да останат во САД, јавува агенцијата АП.

Стејт департментот ѝ соопшти на оваа агенција дека сите носители на американски визи, вклучително и туристи од многу земји, подлежат на „континуиран преглед“ што утврдува каква било индикација дека тие не се подобни за добивање дозвола за влез или престој во Америка.