Албанија и Македонија потпишаа Договор за заеднички гранични и царински контроли

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Премиерот на Македонија Зоран Заев и на Албанија Еди Рама, денеска потпишаа Договор за заеднички царински и гранични контроли. Договорот беше потпишан на маргините на Самитот на земјите од Западен Балкан во Тирана.

Според премиерот Заев, Договорот е уште еден чекор во градењето на Северна Македонија и на Албанија.

„Навистина е задоволство кога двајца добри пријатели кои водат извршна власт на две одлични земји по своето пријателство ќе направат чекор кон збогатување и усовршување на тоа пријателство. Со потпишувањето на денешниот договор, завршуваме еден сериозен процес на кои работеа нашите Влади за да го отвориме „one stop shop” терминналот каде што граѓаните ќе го преполоват чекањето во делот на поминување на нашите граници“, рече Заев.

Македонскиот премиер потенцираше дека воспостувањето на заедничките гранични и царински контроли ќе придонесе за зголемување на пропусната моќ на преминот за стокови пратки, и намалување на времето потребно за вршење на гранични формалности и значително ќе ја подобри инфраструктурата за примена на современи средства за контрола.