Али со големо срце за сиромашните – со самофинансирање храни 20-30 семејства дневно

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Скопјанецот Али Февзи работи како бербер. Тој скоро секој ден од 7:30 часот наутро, оди по маркетите да купува прехрамбени производи со свои пари и ги снабдува семејствата се во лоша финансиска состојба во ова време на криза. Февзи, бидејќи денеска ќе посети едно православно семејство, купи и јајца со цел семејството да вапса јајца за Великден.

Февзи дневно со прехрамбени производи снабдува 20 до 30 семејства. Тој вели дека со ова иницијатива му помагаат и други хуманитарни луѓе. Тој ги повика сите хумани луѓе кои имаат можност да им помогнат на сиромашните семејства.

Вирусот е ист за сите, вели тој, без разлика на вера, нација, сиромашни или богати.

Февзи денеска тропаше на вратата на самохрана мајка со две деца. Таа пред пандемијата работела како хигеничарка но сега поради вирусот не работи.

Али Февзи освен прехрамбени производи, дели и облека. Тој помошта се обидува да ја дели што побрзо, пред да почне полицискиот час.