Во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 се отвори дебата за тоа дали е можно Алтернатива да се приклучи кон владиното мнозинство, пред локалните избори имајќи во предвид дека партијата Алтернатива има сериозно гласачно тело во Скопје, а тоа може да биде интересно за СДСМ, како поддршка за град Скопје.
„Имам супер односи со Алтернатива. Нашата коалиција, Алијанса за Албанците и Алтернатива функционира одлично и коректно. Ние како Алијанса никогаш нема да бидеме во коалиција со ДУИ. Можно е да се коалицира со било која друга партија“, посочи Таравари.
На прашањето дали е можно Алтернатива да се приклучи кон парламентарното мнозинство, Таравари вели „Never say never“.
„Во политиката се е можно, Never say never (Никогаш не вели никогаш), но не верувам дека тоа ќе се случи, имаме одлична соработка со нив. Но сепак, најдобро е за тоа да одговори некој од Алтернатива“, додаде Таравари.
