Алтернатива со поделби на првиот конгрес – Зејди не дојде, Сали го прозва од говорницата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Се одржа првиот конгрес на Алтернатива, која се формираше како фракција на Движење Беса. Меѓутоа како што изгледа, ниту во овој состав Алтернатива не најде мир.

На конгресот, како што се очекуваше, не беше присутен пратеникот од оваа партија,Скендер Реџепи, иако на краткиот видео материјал подготвен за историјата на партијата, Реџепи речиси на секој дел е покрај лидерот на партијата Африм Гаши.

„Тој беше поканет како и сите други делегати, има многу други делегати кои не дојдоа, секој ги знае своите причини“, вели Африм Гаши.

За ТВ21 Реџепи објасни дека не учествувал на конгресот бидејќи е принципиелен кон своите ставови изразени пред неколку дена.

„Граѓаните заслужуваат конкретни и детални одговори како и тоа кога ќе се оствари договорот Алтернатива-Влада“, посочи Скендер Реџепи.

Пред неколку дена во Клик Плус на ТВ21 Реџепи отворено ги критикуваше функционерите на Алтернатива во Владата, кои не преземаат ништо за реализација на точките од програмата со која влегоа во Влада. На прашањето во врска со ова, лидерот Гаши рече дека ниту на почеток не бил сигурен дека се ќе се реализира.

„Јас и тој ден не бев сигурен дека ќе се реализира секоја точка. Тоа што јас сакав да го направам е дека како политичка партија да бидеме транспарентни и во Владата да влеземе со писмен и објавен договор за граѓаните да знаат за што се залагаме и да ја следат нашата работа за тоа колку точки имаме остварено“, посочи Африм Гаши.

Меѓу најактуелните точки од програмата со кои Алтернатива и се приклучи на Владата, е точката во врска со меѓународната истрага за сомнителните судски случаи. Гаши не даде рок за реализирање на оваа точка.

„Да беа прашања за кои може да се постави рок, ќе го направевме тоа уште на почеток. Во прашање се нашите заложби. Тие точки од договорот се тоа за што зборуваме дека ќе се заложиме во овој состав на Владата“, додаде Африм Гаши.

Зајадливи зборови на адреса на пратеникот Реџепи упати и министерот за здравство Беким Сали, откако Реџепи на Фејсбук напишал за Сали дека “од министер за здравство станал министер на зоолошка градина“.

„Денеска кога мојата партија ми даде задача да раководам со дворот на јавното здравје, односно да бидам министер за здравство, ми даде златна можност да бидам на чело на сонуваните промени во здравството“, вели Беким Сали.

На конгресот присутни беа претставници на политички партии од земјава и регионот.

Во салата каде што се одржа Конгресот, во близина на Гаши седеше премиерот Димитар Ковачевски а на конгресот ја објасни причината зошто станале дел од Владата. Истакна дека одлуката имала висока политичка цена за Алтернатива, но дека свесно одлучиле, како што рече Гаши, попрво да го спасат Рим, отколку Цезар.