Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов утрово даде најнови информации за пожарот во Трубарево кој избувна во објект за рециклирање на батерии и електронски уреди.
„Пожарот во Трубарево е ставен под целосна контрола. Нема активно горење но има силно чадење кое се пробива низ земјата и песокот од затрупаните места. Преостанува да се дозатрупа уште дел од опожарената површина“, рече Ангелов.
Ангелов рече дека брзата и навремена интервенција не дозволила пожарот да се прошири до објекти кои се во близина и кои во дворовите имало пластичен отпад.
„Благодарение на брзината и пожртвуваноста на скопските пожарникари како и одлично организираната и координирана акција, при справувањето со пожарот во Трубарево успеавме да спасиме неколку објекти чиј двор но и самите објекти беа полни со пластичен отпад, со што успеавме да избегнеме уште потешко загадување“, изјави Ангелов.
