Анита Тополова-Исајловска едногласно избрана за в.д. државен јавен обвинител

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Советот на јавни обвинители денеска со едногласна поддршка ја избра Анита Тополова-Исајловска за вршител на должноста (в.д.) државен јавен обвинител.

На денешната седница, таа беше единствениот предлог за оваа клучна позиција во правосудниот систем.

Тополова-Исајловска доаѓа на оваа функција од позицијата заменик јавен обвинител, каде што помина подолг временски период.

Вршителот на должност јавен обвинител се назначува согласно член 25, став 4 од Законот за јавното обвинителство, а се определува од редот на јавните обвинители во Јавното обвинителство. Должноста ќе ја извршува до именување на нов државн јавен обвинител, но не подолго од шест месеци.