Повеќе од 30 часа трае неизвесноста и интензивната потрага по жител од селото Јастребник, кој се води како исчезнат. Станува збор за лице кое боледува од деменција, што дополнително ја зголемува итноста на ситуацијата и ризикот по неговото здравје.
Случајот е веќе официјално пријавен во Министерството за внатрешни работи (МВР), а надлежните и блиските се на терен. Поради специфичноста на теренот и времето кое изминува, упатен е итен апел до сите граѓани, ловци, планинари и доброволци кои се во можност, да се вклучат во пребарувањето на теренот.
Семејството упатува молба до сите кои располагаат со каква било информација, без оглед колку таа изгледа занемарлива, веднаш да ја споделат.
КОНТАКТ ТЕЛЕФОНИ ЗА ИНФОРМАЦИИ И ПРИЈАВУВАЊЕ:
077-955-733 – Метка
078-670-097 – Александар
(или директно во полициска станица на бројот 192)
Секоја информација е добредојдена и може да биде од клучно значење за спасување на човечки живот. Се апелира до корисниците на социјалните мрежи масовно да ја споделуваат оваа објава со цел таа да стигне до што повеќе луѓе и лицето да биде пронајдено што е можно побрзо.
