Апелациониот суд во Њујорк денес ја поништи одлуката за казната во износ од околу 500 милиони долари што му беше изречена на американскиот претседател Доналд Трамп во граѓанска тужба за измама покрената од државниот обвинител на Њујорк, Летиша Џејмс.
Денешната одлука, според CNN, значи дека Трамп останува одговорен за измамата и дека казната е укината за да може случајот да продолжи и понатаму да се разгледува во повисоките судови.
„Иако наредбата на судот со која се ограничуваат деловните практики на обвинетите е добро осмислена за да ја потисне нивната деловна култура, наредбата со која се бара од обвинетите да платат речиси половина милијарда долари на државата Њујорк претставува прекумерна казна што е во спротивност со Осмиот амандман од Уставот на Соединетите Американски Држави“, се наведува во мислењето на судот.
