Аргентина беше пред полуфинале, но Холандија во 101. минута даде гол и се избори за продолженија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Фудбалерите на Аргентина и на Холандија ќе играат продолженија во второто четвртфинале. Аргентинците беа пред пласман во следната фаза, откако водеа 2-0, но Холандија во последните минути успеа да израмни и да се избори за продолженија.

Меси во 35. минута асистираше до Молина, кој успеа да го совлада Ноперт. Аргентина се чини ја имаше контролата до крајот на полувремето, како и на стартот на вториот дел кога ги држеше Холанѓаните далеку од голот на Мартинез.

Така во 73. минута Меси реализираше удар од белата точка и така зголеми на 2-0.

Во 83. минута Вергост успеа да намали на 2-1. И кога се чинеше дека Аргентина ќе се одбрани, во 11. минута од судиското надополнување, Вегорст со уште еден гол донесе продолженија.

Продолженија имаше и на првото четвртфинале каде Хрватска дури преку пенали успеаја да дојдат до полуфинале.