Вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 гости се проф. Д-р Петар Атанасов и проф. Д-р Александар Спасеновски, со кои разговаравме и за усвојувањето на Одлуката за одобрение за вршење на високообразовна дејност на странска високообразовна установа – Великотрновски универзитет „Св. Св. Кирил и Методиј“ од Велико Трново.
Проф. д-р Атанасов смета дека треба да се почека со реакциите поради тоа што се уште не се знаат сите детали и не се знае што се работи.
„Да причекаме да видиме за какви проекти се работи и што е идејата. Мораме да ги пофалиме Владите доколку разговарале за соработка на ниво на култура, на образование. Ниту една соработка меѓу две Влади на две соседни земји не може да биде за лошо, веројатно имал некој добра намера“, посочи Атанасов.
Во продолжение целата изјава:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:
- Универзитет од Бугарија доби дозвола од Владата за работа во Македонија
- Нашиот „Св. Кирил и Методиј“ не бил ист со „Св. св. Кирил и Методиј“ од Бугарија кој доби дозвола за работа во Македонија, велат од Влада
