Авион со 107 патници се урна во Пакистан

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Авион од типот Ербас А320, на пакистанскиот национален авиопревозник ПИА, со 99 патници и осум членови на екипажот, се урнал денеска во станбена област на јужниот пакистански град Карачи, во близина на аеродромот, пренесе Ројтерс.

„Авионот ПК 8303 со 99 патници и 8 членови на екипажот денеска се урна“, изјави портпаролот на националниот превозник.

Армијата на Пакистан соопшти дека брзо стигнале на местото на несреќата. Локалната телевизија Гео прикажа снимки од метеж во близина на местото на уривањето.