Баерн Минхен го ангажираше тренерот Нагелсман, и му плати на Лајпциг рекордна сума обесштетување

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Баерн Минхен од идната сезона ќе има нов тренер. Станува за перспективниот 33-годишен Јулијан Нагелсман, кој што доаѓа од тимот на Лајпциг.

Нагелсман во минатото го водеше Хофенхајм, а важи за еден од најдобрите млади тренери во Светот.

Интересно е тоа што Баерн Минхен на Лајпциг ќе му плати рекордно обесштетување од 25 милиони евра за еден тренер. Досега рекордот го држеше Андреш Виљаш Боаш кој во 2011 од Порто, за 15 милиони евра го превзеде Челзи.

На новата функција Нагелсман почнува од 1. јуни, а на сегашниот тренер на Баерн Минхен ќе му биде раскинат договорот, за да ја превзеде репрезентацијата на Германија.

Нагелсман потпиша договор со „Баварците“ до 2026 година.