Околу 2500 баклави беа поделени за сиромашните и дежурните екипи како што се пожарникарите, лекарите, полицајците и работниците од ЈП за чистење на градот. Оваа акција беше организирана од хуманитарното здружение “Зора на милосредието“ финансирано од анонимен донатор. Висар Џафери од ова здружение вели дека оваа иницијатива е организирана со цел трпезата на секој верник да биде богата.
„Тоа што е убаво за овој Бајрам е што имаме донатор кој даде над 2500 баклави и сакаше да остане анонимен. Дел од баклавите поделивме со последниот пакет за помош на Рамазан и на оние кои постат им дадовме ифтар а друг дел одлучивме да им дадеме на службите кои работат 24 часа во околината на Тетово“, истакна Висар Џафери, Зора на милосрдието.
Пред празникот Фитр Бајрам од ова здружение беа доделени пакети со храна и над 5200 ифтари испратени во домовите на верниците во текот на 30-те дена на Рамазан. Празникот Бајрам во Тетово активираше многу хуманитарци и доброволци кои делеа пакети со храна и облека за сираците и сиромашните.
