Белорусија одржа парада во ек на епидемија, илјадници луѓе еден до друг, маски ретко кој има

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Белорусија во ек на епидемија одржа воена парада на која присуствуваа илјадници луѓе. Маски можеа ретко да се видат меѓу присутни, и ова е спротивно од она што го препорача Светската здраствена организација.

Претседателот на Белорусија најави дека нема да ја откаже воената парада по повод „Денот на победата“, и покрај тоа што Москва, каде што требаше да биде централниот настан, се откажа од масовна церемонија.

„Морам да кажам дека не можеме да ја откажеме парадата. Едноставно не можеме. Размислував за многу варијанти, но тоа е емоцинална и длабоко идеолошка работа“, рече Лукашенко пред неколку дена откако беше прашан дали ќе ја откаже парадата.