Беса подготвува интерпелација против Груби! – Реџепи ќе работи заедно со пратениците на ДУИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Пијат кафе и се фотографирале заедно. Истата фотографија ја споделија и тројцата, Изет Меџити, Блерим Беџети и Кастриот Реџепи и тоа со ист натпис „заедно“.

Но, освен за кафе, триото се договорило и за нешто друго. Независниот пратеник Кастриот Беџети сега ќе влезе во пратеничката група на ДУИ.

Ова за ТВ21 го потврди Изет Меџити, пратеник на ДУИ.

„1 слика колку 1.000 зборови. Пораката е јасна. Да, ќе дејствувам заедно со пратеничката група на ДУИ“, вели Изет Меџити.

Во меѓувреме, ТВ21 однапред директно го праша пратеникот Реџепи за ова и за многу други прашања, но тој одговори кратко и без детали.

„Од четврток ќе се произнесам за медиумите“, посочи Кастриот Реџепи.

Од друга страна, според информации на ТВ21, Движење Беса подготвува интерпелација против вицепремиерот Артан Груби, но се уште не се знае од која причина.

„Во среда иницијативата ќе биде испратена до пратениците на ДУИ Изет Меџити и Мерита Коџаџику“, велат од Беса.

Од друга страна, пратеникот на ДУИ Изет Меџити на 29 септември по средбата со првиот човек на ДУИ Али Ахмети изјави дека доколку опозицијата покрене интерпелација за Артан Груби, тој ќе гласа „за“.

Додека политичките случувања поврзани со ДУИ не запрат, еден од незадоволните, Муса Џафери, поранешен вицепремиер, вечерва беше поканет да зборува за политичката криза кај Интегтративците  во „Клик плус“. Меѓутоа, еден час откако го објавивме промото за интервјуто, Џафери го откажа интервјуто.

„Ве молам, иако го потврдив моето присуство во емисијата за понеделник, ме известија дека во вторник имаме средба со првиот човек на ДУИ Али Ахмети. Сакајќи да им дадеме дополнителна шанса на разговорите за внатрешните состојби во ДУИ, со жалење ве известувам дека мора да го откажеме интервјуто, со единствена причина што разговорите да не ги водиме преку медиумите. Ви благодариме за разбирањето. По средбата ветувам дека ќе дојдам во вашето студио“, посочи Муса Џафери.

Се чини дека случувањата во ДУИ ги активираа и другите партиски функционери. Министерот за економија Крешник Бектеши викендов на ручек во Липково се сретна со поранешниот министер за животна средина од редовите на ДУИ Садула Дураку, додека министерот за надворешни работи Бујар Османи, за разлика од другите недели, кога вообичаено во недела држи брифинг со новинарите, овој пат избра да се сретне со жителите на населбата Серава во скопски Чаир.