Министерот за Финансии, Фатмир Бесими во Влада го презентираше предлог-буџетот за 2022 година, кој пак Владата го донела за време на изборниот молк од вториот круг од локалните избори.
Според министерот, буџетскиот дефицит ќе изнесува 4,3 проценти од БДП или 33,5 милијарди денари или 544, 4 милиони евра. Ќе се враќаат и 11,6 милијарди денари (188 милиони евра) веќе позајмени пари.
„Буџетот ќе биде целосно ликвиден и ќе ги исполнува навреме сите потреби, рече Бесими.
Од сите овие 441 милион евра ќе се обезбедат од домашни извори, а 346 милиони евра ќе се обезбедат од странски извори.
Јавниот долг ќе биде 65,5 проценти од БДП на крајот на годината.
Во Собранието веќе се појавија стравувања дали ќе се донесе Буџетот за 2022 година, сега кога е извесно дека ќе падне Владата, а партиите и Собранието ќе се занимаваат со преговори за обезбедување мнозинство, со гласање нова Влада.
