Бесими уверува: Има пари за плати и пензии – експертите порачуваат, да се скратат непотребните трошоци

НАШ ПРЕДЛОГ

Трет силен земјтрес со жртви во Турција во 2020 година

Денешниот земјотрес кој се случи во близината на Измир, е третиот земјотрес кој се случува оваа година...

Кристијано Роналдо негативен на коронавирус

После 19 дена во изолација, играчот на Јувентус и еден од најдобрите фудбалери на денешницата Кристијано Роналдо,...

Францускиот сенат гласаше за продолжување на здравствената вонредна состојба до 31 јануари, а не до 16 февруари како што бараше владата

Сенатот- горниот дом на францускиот парламент, во кој доминира десничарската опозиција, при првото разгледување на законот гласаше...

Состојбата со буџетот се следи на дневна основа и ако има потреба навремено ќе се реагира, вели во интервју за МИА, министерот за финансии Фатмир Бесими. За најавениот четврт сет економски мерки истакна дека ќе биде насочен кон економско заздравување со стимулирање на приватната потрошувачка и поттикнување инвестиции во стопанството. Иако бележиме пад на приходите, а јавниот долг околу е околу 60 проценти, тој уверува дека во државната каса има доволно пари во случај да има втор шок од кризата.

„Обезбедени се ликвидносни средства за буџетот да извршува непречено, се согласно планот до крајот на годината, односно редовно да се исплаќаат платите на вработените, пензиите на пензионерите, социјалната помош, редовно да се извршуваат обврските кон стопанството, обврските кон кредиторите, како и средства за антикризни мерки за помош на економијата и забрзување на ревитализирањето. Постојат и средства за сигурност, зависно од развојот на настаните за евентуален втор шок или за сервисирање на отплати кои доспеваат во 2021 година“, посочи Фатмир Бесими. 

Но, универзитетскиот професор Никола Поповски и поранешен министер за финансии во интервју за ТВ21 вели дека за да се ублажи шокот од есенската криза Владата треба да престане да емитува дополнителен јавен долг и да ги скрати непотребни трошоци и огромните субвенции.

„Значи на почетокот голем дел од економијата со владини одлуки се затвори, сега почна полека да се отвора. Новиот пакет би требало да е понизок затоа што тие што се отворени што функционираат немаат забрана тие немаат потреба да се надоместуваат или во најголем дел да не се надоместуваат како што беа. Летото измина што значи дека овие туристички субвенции од септември натаму ќе бидат илузорни значи може да се најдат заштеди“, вели Никола Поповски.

Министерот за економија Крешник Бектеши неодамна изјави дека фактот што во буџетот има намалување на приходите на државата за 13,9 проценти не претставува најцрно сценарио. Веќе се реализираат сите мерки од првите три сета, а во моментов се работи и на нов четврти сет економски мерки рече тој.

Филипче: Маски на отворено мора да се носат за да се намали бројот на новозаболени и трансмисијата на вирусот

Доаѓа период кога времето заладува, а воздухот ќе биде загаден. Кога е студено времето многу е важно секој од нас да се...

Уапсен маж кој е поврзан со напаѓачот од Ница

Маж на возраст од 47 години е уапсен денеска поради сомнеж дека бил поврзан со напаѓачот кој вчера уби тројца, а повреди...

Ниту еден пратеник или член на собраниските служби нема да оди во изолација поради контакт со Петровска

Ниту еден пратеник или службеник од Собранието нема да оди во изолација поради контакт со пратеничката Славјанка Петровска, која пред два дена...

Повредени и материјална штета на Самос, апел до жителите на островот да се оддалечат од морето

 Најмалку четворица повредени, материјална штета на објекти и излевање на морето, е првичниот неофицијален биланс од силниот земјотрес со јачина од 6.7...

Кристијано Роналдо негативен на коронавирус

После 19 дена во изолација, играчот на Јувентус и еден од најдобрите фудбалери на денешницата Кристијано Роналдо, денеска доби негативен тест на...