Полицијата извршила претреси во Скопје и Тетово, при што биле пронајдени дрога, дигитални ваги и фалсификувани пари, а две лица биле лишени од слобода.
Во Скопје, при претрес во домот на 46-годишен маж, биле запленети марихуана, дигитална вага и 20 фалсификувани банкноти од по 100 денари.
Во меѓувреме, во друга акција, при претрес во домот и помошните простории на 34-годишен маж во Тетово, била пронајдена кафеава прашкаста материја и дигитална вага.
Двата случаи се во понатамошна постапка, а по целосното документирање, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
