Судскиот совет ја разгледува состојбата во Kумановскиот суд: Се испитуваат поплаките за навреди кон вработени од претседателката на судот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Судскиот совет ја разгледал состојбата во Основниот суд Куманово, по реакцијата на синдикатот УПОЗ за наводите за навреди и несоодветен третман кон вработените од страна на претседателката на судот.

Членот на Советот, Ивица Николовски, рече дека институцијата подолг период ги следи случувањата и дека веќе се формирани две комисии за утврдување на фактичката состојба.

Тој информираше дека извештаите на комисиите се при крај и се очекува да бидат разгледани на една од наредните седници.

Во меѓувреме, до Советот пристигнале и дополнителни информации и претставки од вклучените страни, а по анализата на сите податоци ќе биде одлучено за понатамошните чекори.