„Бизнис со цел“ – конференција за подигање на свеста и за иднината на бизнисот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Групата Д.Р. Гилберт во соработка со Б21 Медиа и Стопанската комора во Скопје организираа конференција и панел дискусија за тоа како да се менаџираат вработените во тешки времиња и како да се креираат нови концепти за управување. Со наслов „Бизнис со цел“, групацијата Д.Р Гилберт на чело со Драгиша Ристовски има за цел да создаде иновативни пристапи во менаџирањето на современите компании.

-Целта на самата конференција во суштина е да го вратиме човекот во фокусот. Бизнисот станал крајно нехуман, така што ако на овој начин, ако луѓето не се во прв план, нема далеку да стигнеме. Целта на оваа конференција е пред се да се сврти вниманието на тоа дека доколку не се грижиме за луѓето, не ја зголемуваме продуктивноста на луѓето, не ги задоволиме тие нивни потреби на работа, ние нема да можеме да одиме напред. Бизнисот кои луѓето го поставија како некоја exel табела каде луѓето се бројки, тој не може да биде одржлив, а одржливоста е денеска концепт кој секаде се пласира и тој е иднината на бизнисот-изјави Ристовски.

И за директорот на НЛБ Банка, Бранко Грегановиќ, најважното прашање е сите да бидат свесни дека клиентите и вработените имаат потреба и сакаат подобри услови.

-Конференцијата всушност има значајна тема, тоа е тема која почива на свеста дека и клиентите и вработените сакаат да бидат дел од нешто поголемо од самите себе, нешто што навистина придонесува на развојот и на одговорно однесување во економијата и во општеството. Тоа, дефинитивно е најважниот двигател на иднината и затоа мислам дека вакви конференции се исклучително важни и навистина ми е големо задоволство што можам и самиот да придонесам во работата на конференцијата. Она што ние мораме да придонесеме е кон финансиското здравје на нашите клиенти. И клиенти од домаќинства и бизниситевели Бранко Грегановиќ.

На панел дискусијата присуствуваа и Бранко Азески од Стопанската комора, Петар Денковски од Веропулос, Сашко Блажевски од Нелт Македонија и Маја Станковска од Кроација Осигурување.