Обвинетиот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски – Боки 13, денеска дава поднесува кривични пријави против бизнисмени и функционери. Овој потег доаѓа само неколку дена откако на Јовановски му беше изречена казна од девет години затвор за случајот „Рекет“.
Јовановски тогаш рече дека парите од рекетот во земјата треба да се бараат кај Заеви. Неколку пати најави дека ќе ја отвори „пандорината кутија“.
Тој и неговиот бранител се жалеа дека неговиот телефон не бил вештачен, а во него се криеле многу важни информации околу случајот „Рекет“.
Покрај него, седум години затвор доби и екс специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Три години затвор доби и Зоран Милевски – Кичеец кој го призна делото уште на првото рочиште.
Најпрво се појави информација дека Јовановски ќе дава исказ кај Рускоска, но потоа се испостави дека тој ќе поднесува кривични пријави. Наскоро се очелкуваат повеќе детали околи пријавите на Јовановски.
