Цените на нафтата растат по ескалацијата на конфликтот меѓу САД и Иран

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Цените на нафтата на азиските берзи утрово пораснаа, откако САД го нападнаа иранскиот остров Ларак, додека Техеран возврати со напади врз американски бази во регионот.

Северноморската нафта „Брент“ се тргуваше за 2,88 отсто повисоко во однос на претходниот ден, достигнувајќи 90,64 долари за барел.

Во меѓувреме, цената на американската лесна нафта WTI исто така порасна за 2,88 отсто, достигнувајќи 85,75 долари за барел.

На растот на цените влијаеше и изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека островот Харк, главниот ирански нафтен терминал, е уништен.

Сепак, засега нема независна потврда дека нафтената инфраструктура на Харк била погодена.