Борел: Европа не е целосна без Западен Балкан

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска изјави дека Европа не е целосна додека Западен Балкан не стане дел од неа и дека е неопходно да се забрза процесот на проширување, што досега предолго се одложува.

„Претходното проширување беше успешна приказна. Понатамошното проширување исто така ќе биде успешна приказна. Проблемот е што беше одложено предолго. Сега мораме да го забрзаме. Да не заборавиме дека Европа не е комплетна додека (земјите од Западен Балкан) не станат членки“, рече тој во обраќањето на Форумот на Европа по добивањето на наградата Алојз Мок.

Наградата на форумот му ја врачи министерот за надворешни работи на Австрија, Александар Шаленберг.

Борел истакна дека клучниот збор на првиот бран на проширување на ЕУ бил пазарот, денес клучниот збор е безбедноста.