Луѓе спонтано се собираа во седиштето на партијата, атмосферата беше вознемирувачка, вака сведочеше Кирил Божинoвски денеска во Кривичниот суд за „Организаторите на 27-ми април“.
Од неговите канцеларии на петтиот кат, се качил на осми каде што имало на 150 луѓе за кои рече дека доаѓале спонтано за да дознаат повеќе информации, прашувајќи се секој со секого што се случува.
Божиновски вели дека во штабот биле Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, но не и тогашниот претседател Никола Груевски.
„Атмосферата беше конфузна, а присутните вознемирени, случувањата ги гледавме преку директен пренос на медиумите“, додаде Божиновски.
На прашање дали го познава Ниџа, Божиновски одговори дека не го знае, но дека има слушнато многу негативни работи за него.
Сведочеше и Иво Котевски, кој рече дека граѓаните се собирале за да дознаат повеќе информации.
Сведочеше и тогашниот технички премиер Емил Димитриев потенцирајќи дека немал информации за оневозможување на избор на претседател на законодавниот дом.