Британско министерство за одбрана: Повеќе од милион Руси загинаа во војната со Украина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во 2025 година, Русија веројатно претрпе околу 236.000 жртви (убиени и ранети) во конфликтот со Украина, додека вкупно 1.022.460 жртви се регистрирани од почетокот на инвазијата во 2022 година.

Британското Министерство за одбрана ги објави овие информации во разузнавачки извештај за Украина на социјалната мрежа X.

Повикувајќи се на податоци од Генералштабот на вооружените сили на Украина, аналитичарите наведоа дека просечниот дневен број на руски жртви во текот на јуни 2025 година бил околу 1.080, а вкупниот број во текот на месецот бил 32.000.

„Стапките на руски жртви умерено се намалуваат од месец во месец од март 2025 година, при што просечната дневна стапка во јуни е најниска од април 2024 година“, се вели во извештајот на британското разузнавање.

Според Министерството за одбрана, во претходните години од војната, со доаѓањето на летото, се забележало умерено намалување на бројот на руски жртви, а подобрувањето на временските услови веројатно придонело за повисока стапка на преживување на ранетите.