Во целиот свет бројката на заразени се искачи на 1 милион 120 илјади лица. Бројот на починати е блиску до бројката од 60.000 луѓе. САД е ново жариште со 277 илјади заразени.
Граѓаните на Кина со триминутно молчење им оддадоа почит на починатите од овој вирус.
Во Јужна Кореја бројот на заразени се искачи за нови 94 случаи, со што бројот на заразени се искачи на 10.156.
Во Кина во последните 24 часа се регистрирани 19 нови случаи, 31 случај помалку од претходниот ден. Јапонија за прв пат забележа над 300 случаи за еден ден.
Ширењето на коронавирусот во САД не покажува намалување. Во последните 24 часа во Њујорк почина 562 личности што е најсмртоносен ден во таа сојузна држава.
Во САД бројот на заразени изнесува 277 илјади а досега починаа повеќе од 7.100.
Во Шпанија бројот на починати надмина 10.000. Во последните 24 часа, забележани се 932 смртни случаи.
