Бројот на позитивни случаи од направени тестови за коронавирус е во постојан пораст. Неделата не е завршена, а за само 5 дена имаме 1375 заразени, или до денеска повеќе 200 случаи од вкупниот број на заразени минатата недела.
Според овој график, од почетокот на оваа работа недела, бројот на заразени бил во постојан пораст. Рапиден раст е забележан од 05.10 на 06.10, но тоа е така бидејќи во понеделник се објавуваат резултати за направени тестови во неделата, каде што бројот на направени тестови најчесто е мал.
Од Министерството за здравство вчера соопштија дека Комисијата за заразни болести доставила предлог мерки до Владата со цел намалување на бројот на заразени, а меѓу нив:
- Максимум 4 лица гости во вашата куќа или стан
- Задолжително носење на маска на отворено, исклучок деца до 6 години
Новите мерки стапуваат на сила откако ќе добијат зелено светло на владина седница и откако истите ќе бидат објавени во службен весник.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2267 тестирања, а регистрирани се 386 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-178, Куманово-18, Дебар-1, Штип-8, Прилеп-20, Тетово-13, Струга-9, Велес-5, Битола-13, Охрид-7, Кавадарци-3, Гостивар-4, Гевгелија-18, Струмица-44, Крива Паланка-7, Радовиш-4, Кочани-10, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Берово-7, Валандово-3, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-3, Кичево-4, Неготино-2.
Во болнички услови починати се 6 лица, од два пациенти од Скопје (67г. и 67г.), пациентка од Тетово (72г.), од Битола (44г.), Струга (62г.) и Свети Николе (81г.).

