Мета отстрани 750.000 сметки во Aвстралија, им припаѓале на лица помлади од 16 години

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Мета отстранила повеќе од 750.000 профили на Инстаграм и Фејсбук за кои се сомнева дека им припаѓаат на корисници под 16 години во Австралија. Забраната за користење социјални мрежи за лица под 16 години стапи во сила на 10 декември.

Австралиските власти ја воведоа поради загриженост за влијанието врз менталното и физичкото здравје на младите. Сепак, податоците покажуваат дека повеќе од 80 отсто од лицата под 16 години и понатаму користеле социјални мрежи во првите три месеци од забраната.