Бројот на жртви од невремето во Мисури и Кентаки се искачи на 21

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бројот на жртвите на силното невреме, вклучително и торнадото, кое денеска ги погоди сојузните држави Мисури и Кентаки се зголеми на 21, а десетици луѓе се повредени, соопштија локалните власти.

Властите претходно соопштија дека се повредени најмалку 16 лица. Гувернерот на Кентаки, Енди Бешеар изјави дека во таа држава загинале четири лица и дека очекува тој број да се зголеми.

Во Мисури, пет лица загинаа во округот Сент Луис и две во округот Скот, а властите во Сент Луис соопштија дека се оштетени повеќе од 5.000 домови, пренесува АБЦ Њус.