Буџетот пред пратениците – за власта развоен, за опозицијата недомаќински

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Предлог буџетот за 2023 година на пленарна седница на Собранието. Министерот за финансии Фатмир Бесими образложувајќи ги проекциите на државната каса повтори дека тие се наменети за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. Уверува дека за идната година инвестициите ќе се зголемат а ќе се намали инфлацијата.

„Справување со последиците од енергетската криза и зголемена инфлација, второ продолжување на фискалната консолидација и зацврстување на фискалната одржливост, обезбедување на економско заздравување и одржлив економски раст и непречено функционирање на основните функции на државата и поддршка на реформите во правосудството и во европските интеграции“, вели Фатмир Бесими.

Опозицијата со критики, велат дека овој историски најголем буџет е проектиран недомаќински.

„Пред нас е предлог буџетот за 2023 година, историски највисок, нереален, надуен балон кој што е во прашање кога ќе експлодира. Најголемиот буџет досега, дури 5,3 милијарди евра. Буџет кој што го една реченица би се опишал како буџет за склучување на договори во четири очи. Ова е буџет со повисок буџетски дефицит од 4,6 проценти или 700 милиони евра кој ќе донесе јавен долг од 64,4 проценти од бруто домашниот производ“, порача Бојан Стојановски.

Буџетот за 2023 година тежи 5,3 милијарди евра. Вкупните приходи се планирани на ниво од 282 милијарди денари, а расходите од 324,8 милијарди денари. За капитални расходи се планирани 48,9 милијарди денари што е за повеќе од 50 проценти повеќе во однос на оваа година.